Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Девет години за Боки 13, седум години за Катица Јанева – Боки 13 тврди дека парите се кај Заеви

Девет години затвор за случајот „Рекет“  му пресуди судот на обвинетиот Бојан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Девет години затвор за случајот „Рекет“  му пресуди судот на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13. Бојан Јовановски е осуден 5 години за противзаконско влијание и 5 години затвор за перење пари, вкупната казна која судот му ја одреди е 9 години. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор поради злоупотреба на службената положба.

По изрекувањето на пресудата, Бојан Јовановски пред судот кажа парите да се бараат кај Зоран и Вице Заеви.

Беше побарано да му се продолжи затворскиот притвор на Боки 13, како и да се смени мерката домашен притвор на Катица Јанева. Обвинителката Вилма Русковска како причина за тоа ја наведе висината на затворската казна на Катица Јанева и дека во обвинителството се водела предистражна постапка за исто кривично дело.

Реклама

Судот одлучи Бојан Јовановски да остане во затвор, додека Катица Јанева во куќен притвор.

Виновни се за искористување на своето влијание, за да се изврши службено дејство што не смеело да ја олесни постапката за Орце Камчев во случајот „Империја“ и да го ослободи од куќен притвор и да му се врати патната исправа, во тоа помогнал Зоран Милевски – Кичеец. Сите заедно примиле 1,5 милиони евра, од Орце Камчев 1 милион евра и од неговата сопруга Ана Камчева 500.000 евра.