Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Дебата „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“

Во Собранието денеска ќе се одржи настан на тема: „Унапредување на правото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собранието денеска ќе се одржи настан на тема: „Унапредување на правото на здравје за лицата со попреченост“ на кој ќе бидат презентирани наодите од анализата за предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата со попреченост, како и можните решенија поврзани со нивниот медицински третман. 

Како што информираат од собраниската прес-служба, настанот е во организација на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Зета – организација на попреченост и правда, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес, „Порака“ – Неготино и „Еко – Живот“ – Кавадарци. Дел е од проектот „Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, чиј цел е подобрувањето на здравствената заштита на лицата со попреченост на сите три нивоа на здравствениот систем.

-Спроведеното испитување на јавното мислење покажа дека лицата со попречености и нивните семејства се соочуваат со сериозни системски бариери и предлагаат измени на Законот за  здравствена заштита и Законот за социјална заштита како клучен чекор кон надминување на предизвиците – информираат организаторите на настанот.