Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Бројките на заразени и починати растат вртоглаво, а власта тера предизборна кампања

Расте бројот на ковид пациенти на кои им е потребна болничка нега.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте бројот на ковид пациенти на кои им е потребна болничка нега. Bо најголемиот ковид центар во Скопје, примени биле 18 нови пациенти – дел од нив со тешка клиничка слика и потреба од респиратор. Во болницата се лекуваат и трисетина пациенти на дијализа, кои се ковид позитивни и на кои им била потребна екстра нега од докторите, сведочи првиот човек на болницата, Христијан Костов. Вели персоналот е уморен, а болицата речиси полна.

„Имаме 140 хоспитализирани пациенти, 17 се на интензивна нега, а 11 на респиратор. И има околу 90 пациенти на кислородна поддршка. Клиничката слика на пациентите е тешка, сите се кислородно зависни. Нашиот персонал на оваа проблематика работи веќе три ипол месеци и нормално е да се чувствува умор после толкав период“, вели директорот на болницата, Христијан Костов.

Во меѓувреме, земјава ниже вртоглави бројки на ново заразени и починати од корона вирусот. Само вчера, беа регистрирани рекорден број на починати во еден ден – вкупно 12. Тоа пак повторно го вклучи алармот, но и ја отвори дилемата – дали надлежните дигнаа раце од справувањето со пандемијата во прилог на изборната кампања и предвремените парламентарни избори?

Реклама

Бројот на ново заболени и починати за еден месец ги надмина бројките од претходните три месеци заедно. Ако за првите три месеци од корона пандемијата имаше вкупно 133 починати, за 30 денови во јуни починаа близу 170 пациенти. Бројот на активни случаи кон крајот на мај беше 540, а денес има дури 3550 активни случаи на Ковид 19. Вкупно пак со вирусот се заразиле 6300 луѓе, а до пред еден месец имаше само 2200.

И додека вирусот неконтролирано се шири помеѓу населението, надлежните се целосно насочени кон политичката кампања. Мерките наместо да се заоструваат, по примерот на други земји во светот, тие дополнително се олеснуваат. Вчера Комисијата за заразни болести дозволи да се одржуваат и концерти, каде традиционално се собираат голем број на посетители.

За разлика од Македонија, регионот и светот повторно се затвора. Вчера кризниот штаб во Србија одлучи во Врање да се воведе вонредна состојба поради зголемениот број на новоинфицирани. Карантински мерки ќе бидат воведени во десет предградија на Мелбурн, каде бројот на заразени 14 дена по ред има двоцифрени вредности. И Англискиот град Лестер е ставен во строг карантин по последното локално ширење на коронавирусот. Таму се затворија училиштата, продавниците и кафулињата, а ќе работат само маркетите и аптеките. Мерките ќе бидат на сила две недели.

Биљана Божиновска

https://youtu.be/9_1wZ3bM9Xw?t=1