Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

„Безбеден град“ регистрирал 10 проценти помалку сообраќајни прекршоци во втората недела од февруари во споредба со првата

Од 9 до 16 февруари 2026 системот „Безбеден град“ во градовите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 9 до 16 февруари 2026 системот „Безбеден град“ во градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрира вкупно 4.490 прекршоци, што е помалку за 10 проценти во споредба со првата седмица во февруари кога беа регистрирани 4.991 прекршок, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

Најголем број од прекршоците, односно 4.297, се за управување возило со брзина поголема од дозволената, 33 за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 160 прекршоци за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола.

МВР информира дека се изречени вкупно 148 мерки за забрана за управување возило (33 за минување на црвено светло и 115 за брзо возење), што е намалување за 48,6 отсто во однос на минатата седмица.

Реклама

– Сто и петнаесет се за брзо возење, од кои 99 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 12 за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило и четири за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта – соопшти МВР.