Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Асфалтирана улица во Долна Бањица, Гостиварско

Заврши реконструкцијата на кракот од улицата која води од надолнината во Долна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши реконструкцијата на кракот од улицата која води од надолнината во Долна Бањица до црквата „Св. Петар и Павле“. Според градоначалникот на општина Гостивар, Ваљбон Лимани, кој денес беше на увид овој зафат значително ќе помогне во одвивањето на сообраќајот и движењето на граѓаните низ Долна Бањица.

– Конечно заврши реконструкцијата на улица на која тоа и беше неопходно. Години наназад оваа улица беше во многу лоша состојба и со оштетен коловоз. Се надевам дека вака уредена ќе им помогне не само на граѓаните од овој дел, туку и други, бидејќи таа поврзува и други населби во овој дел на општината, рече градоначалникот Лимани.

За реконструкцијата на потегот со должина од близу 300 метри, општината вложи околу три милиони денари.

Реклама

Тој најави дека ќе се продолжи со други инфраструктурни проекти, со оглед на, како што посочи, подобрување на атмосферските прилики и овозможувањето на почеток на проекти во други населени места. Лимани средбата со локалните жители ја искористи за да поразговара и за други проблеми и потреби.

– Всушност се работи за инфраструктурни проекти. Разговаравме за интервенции на други помали улици во Долна Бањица. Разговаравме за динамиката кога ќе можеме да ги реализираме, но и за другите секојдневни проблеми за кои ние како општина можеме да им излеземе во пресрет, рече Лимани.