Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Македонија

Андоновска: Предизвикот со загадувањето е сложен но не и нерешлив, благодарејќи на заедничката акција со државата

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната надзорна расправа во Собранието на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“ се обрати директорката на Институтот за јавно здравје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска.

Директорката Андоновска објасни дека Институтот за јавно здравје во координација со МЗ презема низа мерки за ублажување и намалување на здравствените последици од загадувањето.

-Свесни за сериозноста, Институтот за јавно здравје, во координација со Министерството за здравство и други релевантни институции, презема низа мерки за следење, ублажување и намалување на здравствените последици од загадувањето, тоа ќе биде еден од нашите приоритети со коишто исто така би сакале да соработуваме и со Собранието како еден од важните чинители во овие процеси, рече Андоновска.

Реклама

Андоновска истакна дека Институтот соработува со локалните власти за креирање на политики, со цел намалување на емисиите на загадувачки материи, и објасни дека граѓаните се едуцираат и информираат преку веб страницата за нивото за загадување.

-Стручни лица на Институтот се дел од интерсекторски работни групи, соработуваат со локални власти за креирање на политики со кои ќе се намалат емисиите на загадувачки материи. Ние сме дел од институциите кои се произнесуваат за локалните акциони планови со краткорочни мерки за намалување на аерозагадувањето, даваме стручно мислење за интегрираните А и Б еколошки дозволи, постојано комуницираме со загрижени групи на граѓани но и пошироката јавност. Преку информации на нашата веб страна, информираме и едуцираме граѓани со посебен акцент на вулнерабилните групи на население за ризиците од загадениот воздух и за начини на лична заштита, особено во денови со високо загадување, објасни Андоновска.

На крај Андоновска истакна дека проблемот со загадениот воздух е сложен но не е нерешлив и дека како директор со помош на државата се постигнува посветеноста на заштитата на здравјето на секој граѓанин.

-Предизвикот со загадувањето е сложен, но не и нерешлив. За негова ефикасно управување потребна е заедничка акција – на државата, општините, научната заедница, граѓанските организации и секој поединец. Ова е прашање на правда, на еднаквост, на здравје и на одговорност. Како директор на Институтот за јавно здравје, ја потврдувам нашата посветеност на заштита на здравјето на секој граѓанин, без разлика каде живее. Чистиот воздух не смее да биде привилегија – тоа е основно право на секој човек. Заедно, можеме и мораме да обезбедиме здрави, безбедни и одржливи градови за нашите деца а со тоа и нивна подобра иднина, објасни Андоновска.