ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДСМ, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс.
Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДСМ, ДУИ и Таравари. Поради основано сомнение дека се поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, е директно загрозено здравјето на граѓаните.
Над 1000 граѓани појавиле симптоми на труење, за кои се сомневаме дека станува збор за загадување на питката вода за Гостиварчани.

Ваквиот начин на водење на локална самоуправа е доказ дека СДСМ, ДУИ и Таравари немаат капацитет и квалитет да ја водат општината.
Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со Гостиварчани. Граѓаните очекуваат достоинствен живот, а не да живеат во страв поради неодговорно владеење на СДСМ, ДУИ и Таравари. Очекуваме расплет на овој скандал од страна на надлежните институции, кои ги повикуваме да го истражат овој случај.
