Реклама
Македонија

Меѓаши ќе го презентира Годишниот извештај на СОС линијата за деца и млади „АлоБушавко“ за 2025 година

Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ќе го презентира Годишниот извештај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ќе го презентира Годишниот извештај на СОС линијата за деца и млади „АлоБушавко“ за 2025 година.

На настанот, организиран во рамките на проектот „Безбеден интернет простор за деца и млади“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, ќе бидат презентирани клучните наоди, трендови и искуства од работата на линијата во текот на 2025 година, со особен фокус на менталното здравје на децата и младите, семејните односи, заштитата од насилство, како и предизвиците поврзани со онлајн насилството, дигиталната безбедност и обезбедувањето сајбер поддршка за деца и млади.