Реклама

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 79-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Македонија

Петрушевски: Зошто во СДСM се во паника и хистерија, имаат ли страв од исказот на Груби?

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ апсолутно го разбира и оправдува револтот на граѓаните по одлуката на правосудните органи за куќен притвор на криминалецот Артан Груби. Ги поздравувавме и владините институции, кои си ја завршија работата и го доведоа криминалецот Груби пред лицето на правдата, кој избега пред една година по отворањето постапка за негова вина во случајот со „Државната лотарија“ за проневера на државни пари во вредност од над 8 милиони евра, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Очекуваме одлуката на судот да биде во заштита на правдата, а не соучесник во неправдата.

Но, она што е уште поважно е дека СДСМ, партијата што соработуваше и молчеше кога Груби правеше криминал, се исплаши до срж затоа што не знаат што сè Груби може да каже. Дали имаат страв дека неговиот исказ ќе оди до поранешен претседател на СДСМ и премиер на Македонија? Затоа ли вртеа на телефони интересирајќи се за исказот на Груби? Кого може Груби да повлече со себе, дали ќе ги повлече и ортаците по криминал – Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ и други?

Реклама

Почитувани,

Вистината е една и единствена, Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе се соочат со правдата и ќе одговараат. Затоа се и паниката и нервозата во редовите на СДСМ, стравот од одговорност им влегол длабоко во коските.

Судскиот процес за Груби, поранешниот вицепремиер и министер во владата на СДСМ, почнува допрва, по судските клупи друштво ќе му прават и сите негови криминогени ортаци.

Правда ќе има!