Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Се одмотува криминалното клопче во УЈП кое со години се плетело и исцицало милиони од државната каса

По апсењата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, директорот на Агенцијата за земјоделска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По апсењата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, директорот на Агенцијата за земјоделска поддршка, Илија Стоилев, и последно со акцијата во која беа приведени 20 – мина,  почна да се одмотува криминалното клопче кое со години се плетело во УЈП.  Во само три истраги, штета на државниот буџет се проценува од над 30 милиони евра.

Последната акција откри добро организирана мрежа за незаконски поврат на ДДВ, прикривање на даночни обврски и селективно „затворање очи“ пред милионските долгови кон државата. Според истрагата, за злоупотребите знаеле и раководните кадри во Управата со кој се здружил првоосмничениот српски државјанин Марјан Марковиќ за да не плаќа данок кон државата од своите две фирми. Во истата група од последната акција, се вклучиле и други газди, директори и вработени во скопски фирми. Направиле штета од речиси пет милиони евра.

Со оглед на тоа дека истрагата е на самиот почеток, можностите се големи таа да опфати и други инволвирани за кои би се обезбедиле докази.

Реклама

Од УЈП соопштија дека соработуваат со истражните органи и за сите осомничени ја доставиле бараната документација, материјали и експертски појаснувања со даночната регулатива. Без разлика на осомничените, сите работни процеси во Управата продолжуваат да се извршуваат непречено, информаираат од таму.

  • „Управата за јавни приходи јасно нагласува дека нема компромис кога станува збор за незаконито постапување, злоупотреба или корупција. Овие појави се неприфатливи и целосно спротивни на професионалните и етичките принципи на институцијата. Истовремено, УЈП смета дека во сите постапки мора доследно да се почитува принципот на презумција на невиност, како основна гаранција во правниот поредок,“ информираат од УЈП.

Судот ги прифати мерките за сите осомничени, осум од уапсените одат зад решетки,  а таму веќе се наоѓаат уште двајца кои беа фатени во претходната акција за директорот на Агенцијата за земјоделска поддршка.

Илија Стоилев заедно со даночен референт од УЈП, државен службеник во Министерството за земјоделство и двајца други барале поткуп од 50 илјади евра за да му доделат пари од ИПАРД 3 фондовите иако не ги исполнувал условите.

Претходно, јавноста слушна детали и од случајот со струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, кој, според обвинителството, со помош на службени лица од УЈП и други институции, со години извлекувал пари од државниот буџет преку фиктивни трансакции и лажни пријави. Само во овој предмет, штетата се мери во повеќемилионски износи.  вкупно 10-мина наскоро ќе седнат на обвинителна клупа кои се товарат дека направиле финансиски криминал тежок дестици милиони евра.  За злоупотреби во УЈП беа и предметите „Синџир“ 1 и 2, кои исто така се однесуваа за добро разработени шеми за даночни измами. Според истражните органи, токму овие предмети го откриле начинот на кој со години функционирал организиран криминал внатре во системот, со директна поддршка од поединци во Управата за јавни приходи.