Реклама

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Прилози

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

Силното вложување на модернизација на коридорот 10 и 10Д, како и пробивање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силното вложување на модернизација на коридорот 10 и 10Д, како и пробивање на тунелот на коридорот 8 кој ќе ја врзе земјава со Бугарија, Македонија конечно го добива приматот крстосница на Балканот. Железничкото поврзување со Црното море во Бугарија и продолжување на пругата од Кичево преку Струга до Албанија, Македонија ја поставува како главна рута на потегот Италија до Бугарија. Паралелно и силните инвестиции во модернизација на Коридорот 10Д, поврзувајќи го Солун со Брисел, конечно ќе придонесе за реален раст на македонската економија. Бизнис секторот вели дека политика на оваа Влада со силни инвестиции во инфраструктурата дава надеж дека конечно може да се ползуваат придобивките од местополжбата на државата. Но, од таму потенцираат дека Македонија не смее да остане само транзитен центар и да заработува од патарини.

„Македонија мора да ги искористи можностите да постави логистички центри на кроидорите каде што се спојуваат. Да може стоката тука да дојде, да се претовари од една дестинација за друга, а не само да продолжи, туку ние да искористиме и да направиме некаков сортирен центар или центар помеѓу државите. – изјави Синиша Миланов од ССК.

Според Миланов, уште од сега Македонија мора да размисли како да направи и т.н. суво пристаниште за претовар на стока од грчките пристаништа кои често се и преоптоварени.

Реклама

„Ако не за подалеку, да бидат за земјите до Западен Балкан да може да ја користат нашата државаи и нашата сува лука како некоја тампон зона, место да одат во Грција каде што ќе им с епотребни транспортни дозволи, да дојдат во држава каде што не им требаат транспортни дозволи и полесно ќе можат да го завршат транспортот“.   

Според првите проценки на Владата, градењето на двата коридора треба да донесе дополнителен раст на БДП од 2%. Но, според бизнис секторот овој раст ќе се должи на градежни активности. За одржливост на долг рок, тие потенцираат дека во периодот што следува работат на позиционирање како компании кои ќе дадат целосна логистичка поддршка.