Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Прилози

Злоупoтребите на државните возила паднале за 70 проценти по вовдеувањето на црвените таблички

Црвените таблички на службените возила се покажаа како добра мерка за стопирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Црвените таблички на службените возила се покажаа како добра мерка за стопирање на приватните пазарења, вршење на секакви само не службени обврски или семејни патувањаи шопинзи во странство… Злоупотребите се намалиле за 70 проценти, соопштуваат надлежните.  

-Се надевам дека граѓаните се доволно свесни, разумни, можат да сликаат, можат да пријават на  телефонскиот број и на меил адресата каде што ги имаме објавено од службата и ние да ги споделиме со вас медиумите, па ете ако не разбрале како треба да се однесуваат со државниот имот и со сопственоста на народот, тогаш да им покажеме на дело, изјави Ивица Томовски, директор на Службата за општи и заеднички работи.

Томовски најавува и пилот проект за воведување електрични возила во возниот парк на институциите.

Реклама

-Планот ни е да набавиме три електрични возила за во Градот Скопје, каде што ги користат нашите курирски служби, оние луѓе кои што разнесуваат дневно документи од институција во институција и тоа ќе ни биде онака пилот проект да видиме дали е издржливо и дали можеме во нашата држава со онаа инфраструктура која што ја имаме за полначи на батериите, дали може да се издржи, изјави Томовски

Иако злоупотребите не се целосно искоренети, од СОЗР оценуваат дека црвените таблички ја зголемиле транспарентноста,  одговорноста и јавната контрола врз користењето на службените возила.