Реклама

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Македонија

Јавен повик за селекција на ученици заинтересирани за упис во Спортската академија во учебната 2026/2027

Министерството за образование и наука објави повик за проверување на способностите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука објави повик за проверување на способностите за спортски вештини на учениците кои се заинтересирани за запишување во Државното средно училиште „Спортска академија“ за наредната учебна година.

-ДСУ „Спортска академија“ Скопје почнува потрага по спортски таленти во Република Северна Македонија, коишто ќе бидат дел од училиштето во паралелките за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2026/2027 година, се наведува во објавениот повик. 

Освен во Скопје, предвидени се паралелки и надвор од седиштето, односно во состав на јавни средни училишта низ државата.

Реклама

Како што е наведено во јавниот повик, паралелки за фудбал ќе има во „Кузман Шапкарев” во Битола, „Мирче Ацев” во Прилеп, „Свети Климент Охридски” во Охрид, „Никола Карев” во Струмица, „Гостивар” во Гостивар, „Моша Пијаде” во Тетово, „Коле Нехтенин” во Штип и во гимназијата „Кочо Рацин” во Велес. Паралелки за кошарка ќе има во средните училишта „Перо Наков” во  Куманово и „Ѓорче Петров” во Кавадарци.

-Целта на ДСУ „Спортска академија Скопје е учениците, спортски таленти, да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис. Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година во средното училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија, соопшти МОН за селекцијата на ученици талентирани за спорт, што ќе се одвива во фази. 

Воповикот се наведени детали за термините и локациите за селектирањето  на кандидатите за предвидените видови спорт, кое ќе биде организирано во текот на мај.