Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Тошковски и Дачиќ на граничниот премин Табановце ја промовираа кампањата „Вози одморен“

И ова лето надлежните институции од Македонија и Србија ќе ја спроведат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И ова лето надлежните институции од Македонија и Србија ќе ја спроведат кампањата „Вози одморен“. На граничниот премин Табановце денеска ја промовираа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и потпретседателот на владата и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во присуство на претставници на надлежните институции, македонскиот Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и српската Агенција за безбедност на сообраќајот.

Кампањата има цел да ги едуцира возачите за планирањето на патувањето, потребата од редовен одмор, почитување на сообраќајните правила и прописи, едукација на возачите за последиците од непочитување на правилата и прописите во сообраќајот, укажување на последиците од управување возило под замор и непочитување пропишана брзина. Надлежните апелираа да се планира патувањето, да се прави пауза на секои два часа, да се пие вода, сите безбедно да стигнат до саканата дестинација.

Министерот за внатрешни работи Тошковски рече дека станува збор за заедничка кампања на институциите од двете соседни земји.

Реклама

Со нивната работа и со работата на медиумите се поткрева визибилноста во делот на она што значи безбедност во сообраќајот, потреба од почитување на правилата, посветено внимание во делот на управување со моторни возила.

– Би ги замолил сите што во летните жешки денови управуваат моторно возило да возат одморени, да прават пауза на секои два часа, да пијат вода во најтоплите периоди, да ја почитуваат брзината која е пропишана во рамките на регулативите во Македонија – рече Тошковски.

Тој рече дека најголем број од сообраќајните несреќи се случуваат или поради преголема брзина или замор посочувајќи дека целта на кампањата е спасување човечки животи.

– Човечкиот живот нема цена, еден живот да спасиме е благодат за сите нас – рече Тошковски.

Тој додаде дека изминатиот период со макотрпна работа и реформа на границите ГП Табановце е еден од најпозитивните примери како треба да функционира граничен премин. Македонскиот министер за внатрешни работи додаде дека ако во минатото се чекало четири часа, сега се чека половина час, а во најфреквентните денови може да се зголеми до еден час. Инаку, бројот на патници на овој премин е зголемен за 15 проценти.

Потпретседателот на владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ нагласи дека дневно просечно на преминот поминуваат од 20 до 30.000 лица. Зборувајќи за кампањата, рече дека во минатото имало задржување, сега е значително намалено посочувајќи дека во Србија двојно е намален и бројот на сообраќајни незгоди со смртни последици и тешки повреди. Нагласувајќи дека најчести причини за сообраќајни несреќи се брзината и заморот, Дачиќ смета дека оваа кампања ќе ја подигне свеста кај патниците.

– Во тој поглед е и оваа кампања. Сметам дека е добра. Станува збор за долги дестинации, потребно е време да се вози одморен со паузи и да се избегнат сообраќајните несреќи – рече Дачиќ.

Тој потсети дека двете држави посветуваат внимание на овој премин укажувајќи дека во минатото се поминуваше и со пасоши, сега со лични карти. Во овој период, нагласи, сè е забрзано, дури и поминувањата со почитување на контролите.

Претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски, и Бранко Стаматовиќ, директор на Агенцијата за безбедност на сообраќајот, укажаа на важноста од планирањето на патувањето. Тие порачаа да се почитуваат правилата и прописите, да не се вози во вечерните часови, сè со цел да се стигне безбедно.