Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Советот на странски инвеститори го поздравува усвојувањето на измените на Законот за царинска тарифа

Советот на странски инвеститори го поздравува вчерашното усвојување на измените на Законот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советот на странски инвеститори го поздравува вчерашното усвојување на измените на Законот за царинска тарифа, со што дополнително ќе се намалат царинските стапки на 70 стоки што како суровини, репроматеријали и компоненти се користат во преработувачката индустрија. Намалувањето на царинските стапки значи нивно усогласување со оние што важат во ЕУ.

Советот на странски инвеститори во изминатиот период укажуваше на потребата од усогласување на царинските стапки на најприоритетните суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија, а воедно и од дополнување со нови тарифни ознаки во домашната Царинска тарифа со царински стапки кои се применуваат на ниво на ЕУ.

Усогласувањето на царинските стапки со европските ќе значи зголемување на конкурентноста на домашните и странските компании кои извезуваат на надворешните пазари и зголемување на македонскиот извоз, воопшто.

Реклама

Измените на Законот за Царинската тарифа претставуваат продолжение на законските измени од минатата година, кога од 1 јули 2025 година беше извршено намалување на царинските стапки до 50 % од нивото на стапките што се применуваат во Европската Унија.

Во насока на зголемување на конкурентноста и извозниот потенцијал на компаниите, Советот на странски инвеститори ја поддржува и поттикнува Владата да продолжи со усогласувањето на царинските стапки како и со склучување договори за слободна трговија со други земји.