Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Реакција на Општина Чаир: Комисија за проценка на штети од невреме е формирана во мај со одлука на општинскиот Совет 

Во врска со изјавите изнесени на прес-конференција од страна на советниците од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во врска со изјавите изнесени на прес-конференција од страна на советниците од опозицијата, Општина Чаир смета дека јавноста треба да биде информирана врз основа на факти, а не на тврдења кои не ја одразуваат реалната состојба. Тврдењето дека Општината треба да формира Комисија за евидентирање и проценка на штетите е неосновано, бидејќи Комисијата за процена и утврдување на висината на штетите од природни непогоди и други несреќи е формирана со одлука на Советот на Општина Чаир уште во мај, согласно важечката законска регулатива, се наведува во соопштението на Општина Чаир, го пренесува интегрално. 

Ова јасно покажува дека Општината не чека да се случат непогоди за да реагира, туку навремено воспоставува институционални механизми за подготвеност и брза реакција, 

Веднаш по обилните врнежи, екипите на Општина Чаир, Кризниот штаб, јавните претпријатија и другите надлежни институции излегоа на терен и интервенираа на сите локации каде што имаше потреба. Паралелно со тоа започна и евидентирањето на пријавените штети, а Комисијата ќе ја продолжи постапката за нивна процена и обработка согласно законската методологија и утврдените рокови.

Реклама

Оттука, произлегува дека советниците од опозицијата бараат да се преземе нешто што е реализирано уште во мај оваа година. Комисијата е формирана со одлука на Советот на Општина Чаир, што значи дека сите советници, вклучително и оние од опозицијата, биле запознати со нејзиното формирање.

Општина Чаир останува целосно посветена секоја пријава од граѓаните да биде разгледана со сериозност, професионалност и транспарентност, а постапката за надомест на штетите ќе се спроведува согласно законските процедури и институционалните надлежности.

Во ситуации кои директно ги засегаат интересите на граѓаните, сметаме дека обврска на секој политички субјект е да придонесува со точни, проверени и конструктивни информации, наместо да создава погрешна перцепција за процеси кои веќе се во тек. Општина Чаир ќе продолжи да постапува одговорно, транспарентно и исклучиво во интерес на граѓаните.