Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Охридската летна школа на природно право

Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и со поддршка на Австриската агенција за развој (АДА), денеска во Охрид ќе ја отвори „Охридската летна школа на природно право“, посветена на унапредување на знаењето и професионалните капацитети во областа на бесплатната правна помош и пристапот до правда.

Свеченото отворање ќе се одржи во „Куќата на Уранија“ со почеток во 10 часот.

На настанот најавени се воведни обраќања на заменик-министерот за правда Ален Деребан, академик Владо Камбовски од Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, заменичката на постојаниот претставник на УНДП во земјава Ана Чернишова и Давид Мукенхуберт, раководител на Регионалната канцеларија за техничка соработка на Австриската амбасада.

Реклама

Организаторите информираат дека школата има за цел да придонесе кон зајакнување на знаењата и вештините поврзани со системот на бесплатна правна помош, како и со клучните механизми за обезбедување еднаков пристап до правда, особено за ранливите категории граѓани.

Иницијативата се реализира во рамки на регионалниот проект „EQUALS“, насочен кон реформирање и унапредување на системот за бесплатна правна помош во согласност со стандардите на Европската Унија и меѓународното право за човекови права.