Реклама

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Прилози

Македонските власти бараат објаснување и чекаат извинување од Софија

Билатералните односи меѓу Скопје и Софија, ескалираат. Ова е оценката од министерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Билатералните односи меѓу Скопје и Софија, ескалираат. Ова е оценката од министерот Муцунски, и покрај зачестените средби на македонски и бугарски претставници. Објавувањето на доверлива дипломатска нота со безбендони детали за патувањето на семејството на премиерот предизвика дипломатска криза. Македонските власти  бараат истрага  и извинување од Бугарија оценувајќи го чинот како  сериозен преседан. Шефот на македонската дипломатија веќе го повикал бугарскиот амабасадор Радуков на разговор во МНР  и побарал објаснување и соседите да се извинат.

 „Јас да бев, мене да ми се случеше ова, ќе се извинев. Тоа е за нас еден неприфатлив начин на меѓусебно функционирање посебно кога се во прашања движења на членови на семејства на државни функционери. Безбедноста е прв приоритет. И на територијата на нашата држава постојано се случува да се движат членови на семејства на високи странски претставници, сами странски претставници, некогаш и во приватни цели“, вели министерот.

Муцунски е загрижен за односите меѓу Скопје и Софија, истакнувајќи дека е потребен европски дух од двете страни за меѓусебното функционирање на двете држави.

Реклама
  • Тоа што ме загрижува е еден тренд на ескалација, треба да работиме на деескалација, треба да работиме на градење на доверба, но не су ултиматуми и не со наметнување на вистина којашто е лажна, изјави Муцунски“.

Шефот на македонската дипломатија е песимист за работата на заедничката историска комисија, бидејќи како што појасни таа би имала резултати само доколку Гоце Делчев и Јане Сандански бидат прогласени за Бугари, нешто кое е ноторна лага, вели Муцунски.

На прес-конференција посветена на двегодишниот мандат, министерот истакна дека институцијата работела со јасно дефинирани цели насочени кон зајакнување на меѓународните партнерства, подобрување на надворешнополитичката позиција на државата и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните.. Биле реализирани повеќе од 110 работни посети во странство, повеќе од 400 средби и состаноци, од кои над 210 билатерални средби со државници, министри и високи претставници од целиот свет, додека државата била домаќин на повеќе од 40 европски и светски лидери и високи претставници.