Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Економија

Има историска градба паралелно на шест автопатишта, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на гостување на една од националните телевизии, по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на гостување на една од националните телевизии, по повод две години мандат, вели дека во моментот има историска градба паралелно на шест автопатишта во Македонија.

-Среќен сум што можам да кажам дека ние финансиски го затворивме Кичево – Охрид конечно, благодарение на еден синдикат креиран од домашните банки, откако не оставија на цедило, би рекол условно, кинеските заемодаватели. Финансиски за оваа година го затворивме, исто благодарение на домашните банки, проектот Коридор 8 и Коридор 10д. Сега бараме на меѓународен пазар следна недела во вторник ЈПДП ќе бара од надворешни заемодаватели сума рамковна за до крајот на проектот со што до крај ќе ги обезбедиме парите, истакна премиерот Мицкоски.

Претходната влада, како што посочи, не само што немаше мрднато ништо од тој проект, туку едноставно го немаше ни финансиски затворено тој проект.

Реклама

-Тоа е уште потрагично, значи тие ни со експропријација ништо немаа направено, туку тие немаа ниту финансии за проектот. И сега кога ќе ме обвинуваат немало пари за тој и тој проект, прашувам а што направивте вие? Така што тој  проект го затворивме. Добро е што конечно после не знам колку перипетии за Блаце – Скопје имаме договор, и конечно после многу години македонска фирма го прави тоа. Добива тендер од европските банки, македонска фирма Гранит. Добро е затоа што на крајот од денот тој финансиски аранжман има грант но има и кредит кон што го плаќаат македонските даночни обврзници, истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека посебно му е  драго кога ќе работи македонска компанија, затоа што, како што додаде, знае дека тоа е добро за македонската економија.

-При крај сме со Букојчани-Кичево, тоа е практично спојот помеѓу проектот на Сино хидро и Бехтел и Енка. Завршена е процедурата, очекуваме и тој автопат да почне. Така што практично во еден момент ќе имаме пет до шест делници. Ќе ја имаме делницата Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, ќе ја имаме делницата Букојчани – Кичево, спојот меѓу автопатот на Синохидро и Бехтел и Енка, ќе се дозавршува автопатот Кичево – Охрид, почетна фаза Блаце – Скопје, во напредна фаза ќе биде Прилеп – Битола. Очекувам прва половина следна година да имаме десетина километри пуштено на делницата Прилеп – Битола. Тоа историски не се правело во Македонија, 6 делници автопатишта да се градат- нагласи премиерот Мицкоски.