Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Делчевчани уште ја чекаат владината одлука за обештетувањето по невремето

Делчево се уште чека Владата да донесе одлука за тоа колку пари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делчево се уште чека Владата да донесе одлука за тоа колку пари ќе и даде на општината за да се санират штетите во патната инфраструктура, направени од невремето минатата недела. Извештајот  во кој е нотирано дека се потребни само еден милион евра за да се ревитализират раскопаните и пресечени улици, општината до Министерството за транспорт и врски го испрати уште во понеделникот.  Дополнително ќе се прави проценка за санирање на атмосферската канализација, мост на река Брегалница, како и регулирањето на водотеците.

  • Имам информација дека е разгледуван во вторник на седница, но одлука се уште не е донесена  и кога ќе биде донесена одлуката немам информација и не знам колку средства ќе бидат одобрени за да можеме да ги санираме штетите што настанаа по поплавата во Делчево„ изјави Горан Трајковски,градоначалник на Делчево.

На терен се санираат штетите. Опасноста од уривање на две куќи поради свлечиште се уште постои. Во текот на вчерашниот ден се ставаа вреќи со песок , за да се превенира понатамошно сливање на водата врз земјата и лизгање на земјиштето. Делчево отвори и донаторска сметка. Засега има пари само од приватни и физички лица. Постапката за финансиска помош од општините е во тек. Комисијата за проценка на штети секојдневно прима барања.

  • 120пријави имаме пристигнато. Рокот се уште трае. Најчесто тоа се поплавени куќи, мебел,бела техника. Има и автомобили и за нив пријавуваат граѓаните„ изјави Трајковски.

Во меѓувреме во источниот регион состојбата со водостојот во браните е стабилна. Во текот на ноќта од своето корито се излеаја Кочанска и Оризарска река. Поплавени се земјоделски површини. Брана „Калиманци е на 15 сантиметри од прелевање, но засега не постои опасност од поголеми поплави. 

Реклама

Александра Ристевска