Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Двајца американски војници се мртви а се трага и по трет откако…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Двајца американски војници се мртви а се трага и по трет откако Иран нападна американска база во Јордан. Нападите кои биле извршени со балистички ракети и дронови, повредиле уште четворица војници. Претседателот на САД, Доналд Трамп, коментирајќи за американските жртви изјави:

„…тоа е многу тажна работа. Не сакаме да го гледаме тоа. Тоа е во служба на нашата земја… никогаш нема да дозволиме Иран да имаат нуклеарно оружје.“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД

Реклама

Вашингтон веднаш започна нови напади врз Техеран со цел да се казни Исламската Револуционерна Гарда за загинатите американски војници во Јордан. Досега во конфликтот загинаа 16 војници на САД а 430 се повредени. На иранската страна, според официјални извори во Техеран има 50 загинати и 500 повредени само во изминатите три недели. По ескалацијата во војната помеѓу САД и Иран, иранските власти и официјално се повлекоа од „меморандумот на разбирање“ на кои двете страни се согласија после преговорите во Исламабад во Пакистан минатиот месец. Заменик министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади изјави дека „САД ги наруши и ги суспендира сите свои обврски во рамките на исламабадскиот меморандум“ додавајќи дека и Иран ги суспендира обврските и дека нема да ги имплентираат бидејќи се презафатени со одбрана на земјата. Врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи изјави дека повторното прекршување на договорите од страна на, како што вели, „Големата Сатана“ повторно докажа  дека „потписот на Претседателот на Америка е целосно беззначаен и невалиден“, и дека „малтретирањето и дивјаштвото се неразделни компоненти на американската доктрина.“