Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Македонија

Вработените во судската администрација, нема да работат додека не земат повисоки плати

78% зголемување на минималната плата и 35 % испплата на додаток за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

78% зголемување на минималната плата и 35 % испплата на додаток за плата на судските службеници или ќе блокираат улици, нема да издаваат уверенија за неосудуваност и ќе ја блокираат работата на судовите. Од утре со штајк се закани судската администрација и членовите на Независните синдикати на државната администрација кои денеска излегоа на протест пред Министерството за правда и пред Владата. Како што најавија организаторите, на Кривичниот суд и Граѓанскиот суд во Скопје, од утре им се приклучува судската администрација од сите судови во земјава. И тие бараат европски плати како оние на функционерите. Судските службеници уште еднаш ги повторија нивните барањата за зголемување на платите за 30% наместо договорените 10%.

Министерството за правда не ги испочитува неколкуте наши барања за прием, воедно и Министерството за финансии не не испочитува за прием, претседателот на Владата исто така го известивме дека повеќе од потребно е да имаме средба на којашто ќе им укажеме на проблемите што се случуваат во судството, во делот на затворскиот систем итн, посочи Горан Ристески, претседател на Независен синдикат на државната администрација.

Претседателката на штрајкувачкиот одбор на Основниот кривичен суд, Јасмина Величкова, во изјава за медиумите истакна дека на вчерашната одлука за стапување во штрајк на овие два суда од утре ќе се приклучат сите останати судови. Од средбата во Министерството за финансии, претставниците на суиндикатите излегоа незадоволни ббидејќи им било кажано дека за нив од буџетот не е предвидено покачување на платите. 

Реклама

-Барањата на штрајкувачкиот одбор се: Покачување на платата на судската служба од 78 проценти на минималната плата во судската служба и 30 % додаток на плата за судските службеници, истакна Јасмина Величкова, претседателка на штрајкувачки одбор при Кривичниот суд во Скопје.

Судската администрација веќе подолго време бара покачување на платите и исплата на додатоците на плата, особено откако Уставниот суд донесе одлука со која платите на функционерите, а меѓу нив и судиите се покачија за неверојатни 78%.

Паула Костадиноска