Реклама

Фаризи: Владата се движи на прав пат и ги исполнува очекувањата на граѓаните

Решен проблемот со лекот за пациентите на дијализа во струшката болница

Над 1.200 проекти низ општините – Кавадарци добива современ спортски комплекс

Меѓуврсничко насилство: Се почесто или само повеќе видливо заради социјалните мрежи?

Мицкоски: вратен долг од претходната Влада во износ од 700 милиони долари

Мицкоски: Опозицијата го бојкотира изборниот законик да не испорачаме 10 од 10 од реформската агенда

Отстранувањето на урбана опрема прекина хуманитарна акција во Струга

Оперативните мерки – можност за остварување на посакуваните бизнис идеи

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство по две години власт

Што нудат бројките во ребалансот?

Шест пожари во еден ден, најкритично во пробиштипско

Некои маркети ја зголемиле маржата за 2-5%, Мицкоски ќе ги повика на состанок

Македонија

Мицкоски: Очекувам зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините, но повторно остануваме држава со најниски цени 

Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. 

Како што рече,  има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти.

-Но, и покрај тоа што станува збор за берзански производ, повторно остануваме убедливо држава со најниски цени на дизел горивата и на бензините, додаде претседателот на Владата одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци.