Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. 

-Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители – Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, универзитетски професори, невладин сектор. Работната група ја сочинуваа над 100 членови номинирани од клучните засегнати страни, беа организирани четири национални конференции со повеќе од 500 учесници, а од страна на ангажираните експерти беа спроведени консултации со над 5000 испитаници, наведува МОН во објавата. 

Документот се фокусира на развој на нова програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, примена на нови формули за финансирање на училиштата, подобрување на инфраструктурата, оптимизација на училишната мрежа и воведување  едносменска работа, примена на нов концепт на матура, развој и промоција на неформалното образование и нова законска регулатива во високото и науката.