Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Трипуновски: Откупот на земјоделски производи бележи раст од 15 проценти, а извозот е зголемен за 5,5 отсто

Ако ги споредиме бројките од 2025 година со 2024 година и претходните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако ги споредиме бројките од 2025 година со 2024 година и претходните години, можеме да забележиме сериозен раст во преработувачката индустрија од 3,6 отсто. Она што е уште поважно е анализата по квартали во 2025 година, особено во делот на откупот и продажбата на земјоделски производи, што претставува еден од најрелевантните показатели за квантитетот на домашното производство. Во четвртиот квартал од 2025 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат околу 12,5 милијарди денари, што е за 15 отсто повеќе споредбено со 2024 година. Сличен позитивен тренд е забележан и во останатите квартали, што значи дека домашното производство по квантитет бележи раст, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата „Раст на економијата – економска сигурност на граѓаните“ што се одржа во Владата.

Трипуновски напомена дека годината била успешна и покрај неповолните климатски услови.

-Ако ја анализираме целата година во целина, не само во делот на откупот и продажбата, туку и во извозот на земјоделски производи, бележиме раст од околу 5,5 отсто во споредба со 2024 година. Тоа е јасен показател дека земјоделското производство се движи во позитивна насока и дека го зголемуваме производството на храна, истакна Трипуновски.

Реклама

Министерот посочи дека овие резултати се должат на добрите политики на Владата, на креирањето интервентни мерки, на стабилизација на секторот, како и на исплатата на заостанатите обврски.