Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Пренџов: Советот на Европа ја потврдува демократската зрелост на Македонија, нема потреба од техничка влада

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој нагласи дека Македонија има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, кој нагласи дека Македонија има достигнато ниво на политичка зрелост и демократска култура, што, како што истакна, тоа води кон зајакнување на институционалната стабилност и поголема доверба во изборниот процес без потреба од дополнителни механизми, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Пренџов посочи дека техничката влада била решение за поранешни политички околности, но дека тие времиња се надминати. Според него, меѓународни институции, меѓу кои и Советот на Европа, ја оценуваат државата како функционална демократија која е способна самостојно да спроведува изборни процеси.

„Во интерес на јавноста следните парламентарни избори кога и да се одржат тие ќе бидат со техничка влада како до сега. Нашиот став и мој личен став е тоа дека Македонија како општество има достигнато ниво на политичка зрелост, има демократска култура и дека тоа како политичари не обврзува да носиме одлуки кои ќе значат подобрување и зајакнување на институционалната стабилност во рамки на општествениот систем. Сметам дека техничката влада беше за едни други времиња, сега веќе тие времиња ги нема, таа е надживеана, истата требаше многу поодамна да биде укината“, рече Пренџов.

Реклама

Тој оцени дека одредени политички ставови во насока на задржување на техничката влада придонесуваат кон непотребна поларизација во општеството.

„Совет на Европа, тоа е институција во која членуваат сите држави од европскиот континент, таа е институција во која има многу експерти во своите тела кои ги даваат оценките, вели дека Македонија е функционална држава дека е зрела демократија и дека е функционална демократија која може да ги обезбеди сите процеси вклучувајќи го и  изборниот процес. Е сега кога Совет на Европа вели вие сте подготвени, зрели, вие сте нормална западноевропска демократија, ние меѓу нас овдека самите на себе да не си имаме доверба во институциите и едноставно сметам дека ова се прави со цел да еден човек којшто бара цело време поларизација на односите во Македонија, како мисли дека ќе ќари некој политички поен и мислам дека тоа е на штета на општеството“, вели Пренџов.

Пратеникот Пренџов заклучи дека Македонија треба да се движи во насока на модерна европска демократија, во согласност со оценките на релевантните меѓународни институции.

„И законите кои што во меѓувреме се етаблирани и функционираат, но и луѓето и менталниот склоп на оние кои ја водат политиката мислам дека е далеку понапреден и подемократски, тоа го кажува и Советот на Европа како кредибилна институција. Ние заслужуваме она кое што го зборува Советот на Европа, а не она кое што некои ретроградни политичари сакаат да не вратат во минатото“, посочи Пренџов.