Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Општина Арачиново: Со парите од државата ќе ги вратиме долговите

Парите за справување со последиците од Ковид 19 кои од цела Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Парите за справување со последиците од Ковид 19 кои од цела Македонија ги доби само општина Арачиново, нема да се користат за тоа за што се наменети. Од општината велат паричната помош од половина милион евра, иако е за борбата со последиците од вирусот ќе ги користеле за подмирување на старите долгови кои ги имале.

Со оглед на тоа дека пандемијата со ковид-19 отежна многу функции и активности на општината, доставивме барање за финансиска помош до Влада во врска со ефектите на ковид-19, за да се соочиме со општинските долгови. Ние како општина наследивме повеќе долгови, а пандемијата ја отежни уште повеќе состојбата со општинските долгови-велат од Општина Арачиново.

Од власта се уште не објаснуваат по кој критериум токму Арачиново доби ваква помош, особено ако се земе предвид дека бројката на активни случаи во оваа општина е двоцифрена, за разлика од другите општини и градови во Македонија каде бројките достигнуваат и над 1000 активни случаи.

Реклама

Само се правдаат дека давале помош и на други општини, ама за инфраструктурни проекти.

Сепак општина Арачиново се почесто е во фокусот на вниманието на јавноста со нејзиното работење и долгови, иако како што велеа властите помагале за да се подмират старите долгови на општините, меѓу кои и на оваа општина.

Минатото лето токму за оваа општина медиумите пишуваа дека парите кои ги имале за деловни состаноци,посети на странски делегации ги трошеле на кроасани, влажни марамчиња, миризливи свеќи, калапи за колачи…

Мери Ѓорѓиевска