Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Надзорна расправа во Собранието за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство

Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.

Воведно обраќање на надзорната расправа ќе одржи претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска.

Според агендата, во надзорната расправа ќе учествуваат заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, министерот за здравство, Азир Алиу, државната секретарка во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска, државниот советник во Министерството за правда, Никола Прокопенко, директорката на ЈУ Завод за социјални дејности, Скопје, Душанка Петрова, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, Зоран Трајчевски, Ана Аврамовска-Нушкова од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, Себајете Зенку од Центарот за женски права „Етика Гостивар“, Весна Матевска, раководителка на програма за родово базирано насилство – ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, како и Маја Атанасова од Македонското здружение на младите правници.