Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

МВР: Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел за внимателност

Во Министерството за внатрешни работи пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за внатрешни работи пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака, наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, каде се даваат насоки за 24 часа да се оди до полициска станица или да се испрати повратен мејл, бидејќи наводно, примачот на пораката е предмет на кривични истраги за низа измислени кривични дела, што ги нема сторено – како детска порнографија, педофилија и трговија со дрога. Целта е примачот на пораката да се регистрира преку мејл и да ги даде неговите лични податоци, алармираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– МВР ги известува граѓаните дека станува збор за лажна порака што не е испратена од страна на БЈБ – МВР ниту од Одделението за кибер криминал и безбедност. Овие електронски пораки се класичен обид за измама каде целта на измамниците е да дојдат до личните податоци на граѓаните со цел нивна понатамошна злоупотреба. Покани до граѓаните за истражни постапки од страна на МВР не се испраќаат преку мејл и доколку внимателно се прочитаат овие пораки, може веднаш да се забележат грешки во текстот, во однос на тоа дека е направен со лош превод на интернет со тоа и смислата на содржината на пораката насочува дека е сомнителна, поточно – измама, информираат од Министерството.

Се апелира на внимателност, овие пораки да не се отвораат, да не се контактира испраќачот и никако да не се споделуваат личните податоци што ги бараат измамниците. Се предупредува и да не се отвораат линкови и датотеки,  испратени во прилог на која било електронска порака што доаѓа од непознат испраќач, со цел заштита на компјутерскиот систем од малициозен софтвер.