Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Муцунски-Варнс: Во услови на зголемени безбедносни предизвици од големо значење е стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО како клучни фактори за стабилност

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со вршителот на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, што претставуваше прва средба по посетата на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог.

Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на средбата било изразено задоволство од продлабочувањето на билатералните односи и соработката. Муцунски ја реафирмирал посветеноста на Владата кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, со посебен акцент на економските односи и потенцијалот за нови инвестиции.

Воедно, станало збор и за меѓународните односи, актуелните состојби во рамки на НАТО, како и за тековните безбедносни предизвици.

Реклама

-Посебен осврт беше направен на реформските процеси, вклучително во областа на судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и на реализацијата на инфраструктурните проекти, стои во соопштението на Министерството.

Во услови на зголемени безбедносни предизвици, како што додаваат оттаму, соговорниците го истакнале значењето на стратешкото партнерство и сојузништвото во НАТО како клучни фактори за стабилност.