Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека со измените на Законот за Влада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека со измените на Законот за Влада истакна останува техничката влада и на следните избори, а се укинува за изборите после нив. Па оттука, вели Мицкоски, стравот на опозицијата и на Филипче кои се противат на овие измени е дека и следните избори ќе ги изгубат. 

– Измените во Законот за влада велат дека на следните парламентарни избори останува да важи техничката влада, а тоа подразбира дека како што беше за изборите во 2024-тата, на изборите во 2020-тата, на изборите во 2016-тата така и сега на следните избори парламентарни останува техничката влада. Јас 100 дена пред одржување на изборите како политички претседател на Владата давам оставка, доаѓа технички премиер, го бира Парламентот, опозицијата СДСМ учествува со свои кадри во рамките на владините тела, министерства, заменици министри итн. Мора јавноста ова да го знае, ова е факт дека на следните избори ние ќе имаме техничка влада, рече Мицкоски во интервју на една од националните телевизии.

Законот вели, додаде тој, дека од тие избори потоа, нема да важи, а тоа значи дека тие коишто ќе ја предводат владата после победата на следните избори веќе ќе немаат техничка влада.

Реклама

Мицкоски исто така додаде дека ако СДСМ е толку силна и екипирана и дека ќе победи на следните избори како што тврди Филипче,  во тој случај на следните избори СДСМ би формирала влада, а ВМРО-ДПМНЕ би била опозиција на изборите потоа, па затоа не се разбирливи аргументите на СДСМ со кои се спротивставуваат на ова решение.

– И сега ако ние веруваме дека сме зрела демократија и зрело демократско општество, ако ние веруваме дека навистина техничката влада си го одработила своето и застануваме позади овој концепт, притоа ризикувајќи дека вака како што вели тој, мобилизирана, екипирана СДСМ, секојдневно и се приклучуваат интелектуалци, професори итн., победува на следните избори, тоа значи дека на тие избори после следните ние ќе бидеме опозиција, а тие ќе бидат влада. Така што јас навистина не можам овие аргументи, овие тези би рекол без никаква логика, да ги разберам – истакна Мицкоски.