Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Економија

Хотелиерите стартуваат со работа по КОВИД протокол

Гости со маски, рецепционери и келнери со визири. Соби без украсни перници,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гости со маски, рецепционери и келнери со визири. Соби без украсни перници, ленти и прекривки. По спратовите и холовите празно, нема играчки, ниту списанија или печатен инфо материјал. На подовите патокази или столпчиња за ограничување на приодот. Вака некако ќе изгледа сликата во домашните хотели кои денеска ги отвораат вратите согласно корона – Протоколот.

На хотелиерите им се наложува да обезбедат дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата и пулт за дезинфекција на раце. Обврзно е и редовно проветрување. Посочено е и плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата.

Се препорачува и во холот при влезот да биде истакната „Welcome“ табла со разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот.

Реклама

Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број што, во зависност од големината и распоредот на просторијата. Може да се нудат единечни или двојни соби со прилагодувања, а во објектите со повеќе кревети дозволено е сместување гости само од едно семејство.

Протоколот во делот на ресторанските процедури не дозволува служење храна на шведска маса. Не е дозволено ниту послужување гости на стоење на шанк и стоечки маси.Масите треба да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи, тие да се перат по секој послужен гостин.

Се забранува и користењето заеднички отворени садови при сервирање кечап, сенф, сосови, масла, сол, шеќери, чаеви, кои се споделуваат на повеќе од една маса. Нужни се и засилени внатрешни контроли на вработените од страна на одговорно лице. Потенцирано е и редовното одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на соодветни дезинфекциски средства.

Како и досега, забрането е користење сушачи за раце во тоалетите. Се наложува задолжително користење хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.

Хотелите престанаа со работа во март, на почетокот на Корона кризата.

Ања Василева