Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Град Скопје со милион евра против комарците, резултатите мизерни

Наезда од комарци во главниот град. Скопјани деновиве мака мачат да излезат…

Сподели:

Наезда од комарци во главниот град. Скопјани деновиве мака мачат да излезат на крај со комарците кои буквално го сардисаа градот. На социјалните мрежи врие од коментари со револт кон градските власти, кои според граѓаните седеле со скрстени раце. А надлежните креваат раменици, се правдаат оти поголемото размножување на комарците било поради „изразената влага во вегетацијата“.

Во меѓувреме, вонредното прскање кое беше најавено за денеска е одложено за утре. Градоначалникот Шилегов даде чудно објаснување, не се прскало често затоа тоа што тоа било штетно за луѓето.

„Препораките на Институтот за јавно здравје е дека прскањето со инсектициди ако е зачестено може да го загрози здравјето на граѓаните што е нешто што треба да се има во предвид. Токму поради тоа сметавме дека треба да имаме пауза од десетина денови, без оглед на тоа што последните три или четири денови се навистина мачни со комарците“, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Реклама

Град Скопје годинава прскаше против комарци четири пати. Од понеделникот до петокот минатата недела се вршеше прскање од земја, но комарците се покажаа поиздржливи од хемијата и продолжуваат да ги тероризираат жителите на главниот град.

Градот уште на 8 мај годинава склучил договор со две фирми за прскање против комарци во вкупен износ од еден милион евра.

Биљана Божиновска