Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Економија

Николоски: Истовремено градиме 6 автопати, Македонија добива модерна автопатска мрежа

Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Македонија во моментов се градат шест автопати истовремено, што е невидено во целиот регион. Динамиката на работите на секоја од овие делници се одвива одлично и во наредните години ќе имаме модерно патно поврзување во сите делови на државата, посочува заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Вицепремиерот детално информирал за напредокот на сите автопатски проекти што во моментов се реализираат низ државата.

Како што информираат од Министерството за транспорт за автопатот Скопје–Блаце, Николоски потсетил дека веќе е потпишан Договорот за грант со кој се обезбедени околу 31 милион евра, што претставува околу 15 проценти од вредноста на проектот. Тој посочил дека избран е ГРАНИТ како изведувач, оценувајќи дека ова е позитивен момент за домашната градежна оператива.

Реклама

Осврнувајќи се на автопатот Кичево-Охрид, министерот истакнал дека досега се изградени 37 километри, од кои 34 километри веќе се пуштени во сообраќај, а за летово најавил и нови делници за сообраќај. 

Говорејќи за автопатот Гостивар–Букојчани, министерот рекол дека градежните работи се одвиваат подобро од очекуваното.

-Иако се работи за ултракомплициран терен, немаме проблеми со експропријација ниту со пристап до градилиштето. Од 31 километар, колку што ќе биде долг автопатот, веќе се пробиени 17 километри.Ова е првиот автопат во Македонија што се гради истовремено од двата краеви, од правец на Гостивар и од правец на Букојчани и ќе го скрати патувањето за околу 15 километри, изјавил тој.

Вицепремиерот Николоски очекува оваа делница целосно да биде завршена во втората половина на 2029 година, додека автопатот Тетово–Гостивар ќе биде завршен и порано.

Николоски најавил и скорешен почеток на изградбата на делницата Букојчани–Кичево, долга 12 километри, која ќе го поврзе автопатот што го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ со автопатот Кичево–Охрид.

-Проектот ќе се реализира со поддршка од Европската банка за обнова и развој и очекувам во следните десетина дена да биде избран изведувачот, по што ќе започне изградбата, речкол министерот за транспорт.

Осврнувајќи се на автопатот Битола–Прилеп, Николоски истакнал дека станува збор за најдолгиот автопатски проект што моментално се гради во државата.

-Динамиката на работите е добра и очекувам во првата половина на следната година во употреба да бидат пуштени првите 10 до 11 километри како целосно автопатско решение, изјави Николоски.

На крајот, тој нагласил дека со реализацијата на овие шест автопатски проекти, Македонија во следните години ќе добие современа и значително подобрена патна инфраструктура, оценувајќи дека ваков обем на истовремена изградба на автопати досега не е забележан ниту во земјата, ниту во регионот.