Реклама

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Забрани за користење на водата во Крушево, Пласница и Преглово

Охрид го сочува статусот, УНЕСКО бара конкретни резултати

Поевтина набавка, модерен превоз – Скопје ги очекува електричните автобуси

Како преживуваат гостиварци додека чекаат да се исчисти загадената градска вода?

Нафтата близу 100 долари за барел, Владата разгледува мерки за заштита на стандардот

Турската заедница доби место во централната власт: Собранието го избра Зулфикар Зејнула за министер без ресор

Разговор со д-р Вело Марковски: Колку се опасни бактериите во загадената вода?

Состанок на Штабот за управување со кризи

30 парични казни и 12 забрани за работа по вондредните инспекции во гостиварско

Македонија

Како преживуваат гостиварци додека чекаат да се исчисти загадената градска вода?

Вода пијат пакувана, раце мијат и готват снаоѓајќи се од селски чешми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вода пијат пакувана, раце мијат и готват снаоѓајќи се од селски чешми бунари и донации. Гостиварци едвај преживуваат од ден во ден. Чешмите течат, но водата останува неискористена за основните потреби. Граѓаните се жалат дека оваа ситуација е неиздржлива. Најтешко им е на семејствата со мали деца и на старите и болни луѓе.

Градската вода се уште не е технички исправна. Граѓаните се снаоѓаат кој како знаат и умеат. Додека институциите бараат решение, секојдневието на гостиварци е хаотично. Не можат да се бањаат, не можат да перат ниту да готват.

Наместо до кујната, гостиварци секој ден одат до продавница или до пунктовите каде што се дели вода. На околу шест точки во градот има пунктови каде што се дели вода за пиење.

Реклама

По еднонеделната криза и прогласената епидемија, гостиварци најмногу сакаат да слушнат кога од нивните чешми ќе потече чиста вода.

Надлежните повикуваат на смиреност, редиците од граѓани кои чекаат пред пунктовите за вода не се потребни – велат дека вода има за сите.

Владата која по прогласената кризна состојба во Гостивар е целосно мобилизирана за средување на хаосот. Последните прогнози се дека за помалку од една недела гостиварци ќе добијат техничка вода, а веднаш потоа и вода за пиење.

Ања Лукарова