Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Прилози

🎥 Државата ќе откупува оризова арпа за стоковни резерви

Државата ќе врши откуп на оризова арпа за стоковните резерви. Уредбата е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата ќе врши откуп на оризова арпа за стоковните резерви. Уредбата е веќе објавена, а со откупот ќе се стартува веднаш, откако Владата ќе донесе одлука за тоа по која цена и колку ќе се откупува. Од Здружението на млади земјоделци „Арпа“ информираат дека, според првичните информации кои ги добиле од Министерството за земјоделство, е предвидено да се откупат 2.400 тони по цена од 37 денари за килограм. Од „Арпа“ посочуваат дека со овој потег ќе се обезбеди стабилност на пазарот и фер цена за земјоделците.

„Ова е прв пат во овие 20 години да се ангажира државата и да откупи ориз за стоковните резерви. Претходно имаше откуп на пченица, но на ориз немало“, изјави Стојче Ташовски од Здружението „Арпа“.

Одлуката доаѓа во време кога производителите на ориз се соочуваат со намалени откупни цени и нестабилен пазар. Ќе се откупува оризова арпа што земјоделците ја произвеле лани.

Реклама

„Ќе се намали барем за 50% оризот што го складираме во нашите магацини. Ќе биде едно големо олеснување за нас, земјоделците“, изјави Стојче Ташовски, претседател на Здружението „Арпа“.

Што се однесува до овогодинешната сеидба, земјоделците велат дека се уште е рано да зборуваат за квалитетот на зрното. Годинава под ориз во кочанско се посеани околу 4.000 хектари.