Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Економија

УЈП го осуди нападот врз даночните контролори на локалитетот Куклица

Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи најостро го осудува физичкиот напад и попречувањето на службените лица при извршување на нивните законски овластувања за време на даночна контрола на локалитетот Куклица.

– Ниту еден службеник не смее да биде изложен на насилство, закани или притисоци додека ја извршува својата законска должност. Нападот врз даночен контролор не е само напад врз вработените во Управата за јавни приходи, туку и напад врз владеењето на правото и врз институциите на државата. Изразуваме целосна поддршка на нашите колеги кои професионално и совесно ги извршуваат своите работни задачи и очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот и да обезбедат соодветна законска одговорност за сторителот, велат од Управата за јавни приходи.

Порачуваат дека остануваат цврсто определени да ги спроведуваат законите еднакво кон сите, без отстапки и без страв.

Реклама

– Насилството никогаш нема да биде причина институциите да се повлечат од својата законска обврска. Воедно, апелираме до сите даночни обврзници и граѓани да соработуваат со службените лица и да придонесат за создавање средина во која законите се почитуваат, а институциите можат непречено да ја извршуваат својата функција во интерес на сите граѓани. Не смееме да дозволиме насилството да стане средство за избегнување на законските обврски. Нападот врз службени лица мора да добие јасен и недвосмислен институционален одговор, наведува УЈП во реакцијата.