Реклама

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Македонија

Стоилковиќ во Кочани: Владата обезбеди 4,65 милиони евра за капитални проекти, продолжува поддршката за нови инвестиции

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска престојуваше во работна посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска престојуваше во работна посета на Општина Кочани, каде со градоначалникот Владко Грозданов разговараше за реализацијата на инфраструктурните проекти, регионалниот развој, прекуграничната соработка и идните инвестиции.

На средбата беше направен преглед на реализацијата на најзначајните капитални проекти.

Во изјавата по средбата, градоначалникот Грозданов соопшти дека изградбата на источниот булевар „Тодосија Паунов“ напредува според предвидената динамика и дека веќе утре се очекува поставување на првиот слој асфалт на делницата од кружниот тек кај „Лукоил“ до бензинската станица „Макпетрол“.

Реклама

Атмосферската канализација на оваа траса е целосно поставена, а во следната фаза ќе продолжи и поставувањето на дополнителната мрежа од левата страна на коловозот.

Градоначалникот го запозна министерот и со активностите за изградба на Домот за стари лица, каде што по извршените технички корекции во проектната документација се очекува наскоро да започне реализацијата, како и со проектот за повеќенаменско спортско игралиште кај браната Гратче, кој ќе се реализира преку програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.

Градоначалникот и министерот разговараа и за инвестициите за енергетска ефикасност на јавните објекти, реконструкцијата на мостот на Кочанска Река, изградбата на потисниот цевковод и подготовките за реализација на јужниот булевар.

Министерот Стоилковиќ нагласи дека Владата во изминатиот период обезбедила околу 4,65 милиони евра за реализација на три капитални проекти во Кочани преку двата јавни повика за поддршка на општините и оцени дека Општина Кочани успешно ги користи можностите што ги нудат државните и регионалните програми.

Тој посочи дека Министерството за локална самоуправа ќе продолжи активно да ја поддржува Општина Кочани, особено во подготовката на нови проекти за претстојниот повик за прекугранична соработка со Република Бугарија и во креирањето на квалитетни проектни апликации за следните владини инвестиции.

Стоилковиќ, зборувајќи пред новинарите, оцени дека предизвик за сите општини останува побрзата реализација на капиталните проекти, што најчесто е условено од постапките за јавни набавки, проектната документација и работата на изведувачите, поради што, како што рече, ќе биде потребна уште поинтензивна координација меѓу локалната и централната власт.


Во рамките на посетата, министерот оствари средба и со дел од младите повредени во трагичниот пожар во Кочани. По разговорот со нив, тој најави дека ќе се заложи, во соработка со надлежните институции, да се обезбедат дополнителни можности за нивно лекување и реконструктивни интервенции во специјализирани здравствени установи во Белград, со цел да им се помогне во понатамошното закрепнување.

Денешната посетата на Кочани на министерот Стоилковиќ е дел од теренските активности на Министерството за локална самоуправа кои се реализираат под мотото „Каде што срцето е дома“, со цел преку директни средби, размена на искуства,  и предлози да се идентификуваат предизвиците со кои се соочуваат општините и заеднички да се изнајдат решенија за нивно надминување.