Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото

– Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека се работи паралелно на четири проекти и дека реализацијата оди добро.  

– Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде меѓу 80 и 90 проценти на секој од нив. Рокот што го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат. Паралелно од 15 август ќе почнат да работат надлежните институции пред се Агенцијата за цивилно воздухопловство, Контролата на летање, М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, Царината и МВР со цел аеродормот да е фунцкионален и да бидат постигнати сите безбедносни стандарди, изјави денеска Николоски кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на Дебарца.

Реклама

Со реконструкцијата, како што посочи, практично ќе се добие еден нов аеродром со нова административна зграда и нова терминална зграда што ќе значи многу повеќе место за слетување и полетување.

– Драго ми е што Охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и тоа ќе продолжиме да го правиме и во следниот период, рече вицепремиерот Николоски.