Реклама

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Македонија

Мицкоски: Некои политички партии од страв од пораз на следните парламентарни избори, го бојкотираат донесувањето на измените на Изборниот законик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, при посетата на Кавадарци, изјави дека кај некои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, при посетата на Кавадарци, изјави дека кај некои политички партии, кои се свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и затоа се обидуваат да го бојкотираат усвојувањето на измените на Изборниот законик, односно го бојкотираат процесот државата да ги исполни сите десет од десетте показатели од Реформската агенда.

Мицкоски, по поставувањето камен-темелник за изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната средба во Собранието за можноста за усвојување на Изборниот законик и приближување на ставовите на политичките партии, истакна дека по таа средба е сè помалку оптимист во однос на ова прашање.

„Јасно е дека кај тие политички партии, кои се свесни за поразот на следните парламентарни избори, постои страв и се обидуваат да го бојкотираат процесот за да не ги исполниме сите десет од десетте показатели од Реформската агенда. На крајот, девет од десет ќе бидат исполнети, а единствениот што ќе остане е Изборниот законик. Ние не сакаме тој да се носи со европско знаменце, ниту целиот процес на некаков начин да се одложува. Мислевме дека имаме работа со зрели и одговорни луѓе кои се грижат за иднината на државата, но очигледно е дека партиските интереси, партиското политичко мочуриште, финансиските и некои други интереси се над сè, а тука ние не можеме да помогнеме. По вчерашната средба сум сè помалку оптимист“, изјави Мицкоски.

Реклама

Тој нагласи дека и вчера, како политичка партија, јасно го изнеле својот став дека гласањето на дијаспората е прашање што за нив претставува стратешка цел.

Од друга страна, додаде премиерот, некои политички партии настапиле со целосно радикализирани ставови.

„Едната позиција беше да се гласа во рамките на Државната изборна комисија со консензус, нешто што за нас не е прифатливо. Тоа е позиција која некој ја поставува за да нема договор. Второ, политичката партија Левица излезе со барање за повеќе средства за кампањата, односно да има повеќе пари за рекламирање, како и да има една изборна единица, од СДСМ ги знаете барањата и така натаму. Нашиот став е јасен. Сакаат повеќе пари? Добро, нека има помалку за нас, а повеќе за нив. За тоа сме согласни. Согласни сме и да има една изборна единица. Подготвени сме да ги прифатиме сите барања на СДСМ и на коалициските партнери на СДСМ. Немаме никаков проблем“, изјави Мицкоски.

Но, принципиелно, додаде тој, никој не одлучува со консензус, освен во еднопартиски систем.

„Во демократијата, мнозинството ја носи одлуката. Тоа е суштината на демократијата. Ние не сме консензуална држава, ниту еднопартиски систем, па сите одлуки да се носат со консензус. Тоа е едното. Второ, мораме да најдеме начин. Ние на маса го претставивме и нашиот предлог – да се гласа по пат на пошта, со писма, како што тоа е овозможено во неколку десетици земји-членки на Европската Унија. Значи, подготвени сме да прифатиме една изборна единица, како и поголем буџет за оние партии што не се дел од четирите најголеми. Нека има, нека се рекламираат ако сметаат дека тоа им е важно, само да го донесеме Изборниот законик“, изјави Мицкоски.