Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Интензивно се работи на патниот правец Ќафасан – Елбасан, главен јазол на копнената врска на Албанија со Македонија и Грција

Градежните активности за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градежните активности за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, до градот Елбасан, се одвиваат со несмалена динамика.

-На патниот сегмент Ќафасан – Елбасан,  кој е дел од коридорот VIII, продолжуваат со несмалена динамика, додека истовремено се работи на неколку фронтови за забрзување на имплементацијата на проектот. Во моментов продолжува изградбата на два моста, формирањето на патната траса, нејзина изградба и полнење, како и спроведувањето на работите за заштита на речните текови, објави албанската агенција за државни патишта

Паралелно, се изведува бетонирањето на тунелот во Мирака, додека во оваа област продолжува и изградбата на пешачки надвозник, работи што имаат за цел да ја зголемат безбедноста за жителите и учесниците во сообраќајот.

Реклама

-Овој патен правец е еден од стратешките проекти за патната инфраструктура во земјава, кој ќе го  олесни  сообраќајот и ќе го скрати времето на патување, како во правец на Македонија, така и во правец кон Корча, со зголемување на максималната дозволена брзина до 110 километри на час. Се очекува завршувањето на инвестицијата да ја зголеми безбедноста на патиштата, олеснувајќи го движењето на луѓе и стоки, наведуваат од Агенцијата.

Патот Елбасан-Ќафасан е од категоријата Б, со по две ленти од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот а по неговата изградба минувањето на оваа делница ќе биде за околу половина час. Вкупната должина на делницата е педесетина километри, и како дел од Коридорот 8, нагласуваат од Агенцијата,  е „ главен јазол на копнената врска со Македонија и Грција“.