Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

За првпат имаме ретка ситуација да се градат шест автопатски делници наеднаш, вели Мицкоски

За првпат имаме една ретка ситуација во истовреме да се градат шест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За првпат имаме една ретка ситуација во истовреме да се градат шест автопатски делници, оцени денеска премиерот Христијан Мицкоски кој е задоволен од реализацијата на инфраструктурните проекти во државава. 

Мицкоски, кој денеска заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, беше во посета на Дебрца, во изјава за медиумите изрази очекување автопатот Кичево – Охрид да биде завршен и пуштен во употреба во првиот квартал или најдоцна во текот на следната година.

– Истовремено очекувам овој месец, најдоцна на почетокот на следниот месец да отпочне делницата Блаце – Скопје. Веќе добивме позитивна информација од заемодавателот за делницата Букојчани – Кичево каде немаат забелешки, чекаме сега официјално да помине делот на жалби за да може понатаму да продолжиме со постапката. Со несмалена динамика се работат и делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар, Гостивар – Бујкочани, значи генерално за првпат имаме една ретка ситуација да се градат шест автопатски делници наеднаш. Продолжуваме и со другите проекти од инфраструктурата така што јас сум исклучително задоволен. Градежништвото во април имаше раст од над 40 проценти така продолжуваме и понатаму. Капиталните инвестиции треба да бидат додадена вредност за граѓаните, изјави Мицкоски. 

Реклама

Вицепремиерот и министер за транспорт Николовски под чија надлежност е изградбата на автопатот Кичево – Охрид вели дека ќе се добие едно модерно автопатско решение. Она што не било планирано во проектот, како што информираше, се пристапните патишта до селата од левата страна на автопатот што сега се надминува.