Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Во Битола се одржа поетскиот фестивал „Поетски синтези-2026“

Со песната „Стерна-кодот на Конески од Мирјана Стојановска, во музичка придружба на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со песната „Стерна-кодот на Конески од Мирјана Стојановска, во музичка придружба на виолинистката Милена Марковска од Камерниот оркестар од Битола, синоќа во Културниот и информативен центар на Широк сокак се одржа 15. издание на поетскиот фестивал „Поетски синтези-2026“ во организација на Здружението за наука и култура „Нова“, под покровителство на општина Битола, во рамките на битолското културно лето „Битфест 2026“. 

Фестивалот свечено го отвори градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, а поздравна реч имаше Мирјана Стојановска, претседателка на Здружението за наука и култура „Нова“.

– Поетите го искажуваат она што обичните луѓе не можат да го сторат. Тие оставаат трага за идните генерации, поетски запис за нашиот јазик, за нашиот идентитет. Вештачката интелигенција не е замена за пишуваниот збор. Затоа треба да се негува и почитува уметноста на зборот, истакна меѓу другото градоначалникот Коњановски.    

Реклама

На фестивалот, со избор поезија се претставија петнаесетина поети – членови на Друштвото на писателите на Македонија, меѓу кои: Гордана Јовиќ Стојковска, претседателка на ДПМ, Љерка Тот Наумова и Елена Пренџова од Скопје, Мирјана Стојановска, Весна Мундишевска-Велјановска и Даниела Андоновска-Трајковска од Битола, Петре Петрески, Оливера Андоноска, Габриела Стојаноска-Станоеска и Тони Павлески од Прилеп, Лидија Дочовска-Павловска од Ресен и Мери Арсова од Демир Хисар.

 – Уметноста на јазикот е најтешката уметност, а песната уточиште на вистините кои поетите ги пренесуваат на посебен начин, како жед за животот. Во нив се слави љубовта, убавината, се пренесуваат чувства, се негодува на реалната општествена стварност, се создава нова визија која го менува светот, истакна Стојановска, организатор на поетскиот фестивал „Поетски синтези“. 

Тричлена жири комисија ја додели традиционалната награда „Поетска муза“ за најдобра интерпретација на песна на поетесата Мери Арсова, а две награди „Поетски хоризонти“ за стилска композиција на песна им припаднаа на Гордана Јовиќ-Стојковска и Весна Мундишевска-Велјановска.