Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со конкретни мерки, 5,4 милиони евра за нови работни места со вториот повик од Оперативниот план за вработување 2026 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра.

СДСM и ДУИ со години наназад зборуваа за економски развој, а зад себе оставаа затворени фирми, иселување и рекордна невработеност, денес се реализираат мерки со јасна цел, поддршка на стопанството и отворање нови работни места.

Реклама

Со мерката, една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања.

Овие проекти се директна инвестиција во македонската економија, во домашните компании и во македонските работници. Со секое ново работно место се зајакнува економијата, се подобрува животниот стандард и се создаваат услови младите својата иднина да ја градат дома.

Владата продолжува со реализација на мерки што даваат резултати. Се испорачуваат конкретни политики и реална поддршка за стопанството.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политики што носат економски раст, повисока вработеност и подобар животен стандард за сите граѓани.