Реклама

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче под превезот на „проевропски курс“ ги прекриваат проруските врски и националните предавства

СДСМ и Филипче се кријат зад флоскулата „проевропски“ додека во пракса нудат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Филипче се кријат зад флоскулата „проевропски“ додека во пракса нудат политика на отстапки без принципи, без црвени линии и без гаранции за државата. За Венко Филипче и СДСМ европскиот пат е алиби за прифаќање на се и сешто на штета на националните интереси, само СДСМ да се дограби до власта, а Филипче да ја зачува фотелјата на Бихачка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче, во обид да ја задржи лидерската позиција во СДСМ, сѐ повеќе ја турка политиката на безусловни отстапки кон Бугарија.

Додека Филипче зборува за проевропски пат и се продава како единствен арбитер на европскиот пат на државата, истовремено соработува со луѓе кои имаат проруски ориентации и се во бизнис шеми со кланот Заеви.

Реклама

Филипче и СДСМ како во минатото така и денес додека зборуваат за проевропски пат, соработуваат со бизнисмени кои се сериозно контроверзни како случајот со прорускиот бизнисмен Александар Онишченко, на кого му дадоа македонско државјанство, човек кој избега од Украина поради перење пари и корупција, а кој Заев и Филипче го пречекаа со воодушевување.

Друг пример е скандалот со  Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија, кој добива десетици државни тендери. Вкупно 77, од кои 66 преку ЕСМ во вредност  од 141 милион евра, благодарение на шемите со Заев и Филипче.

Исто така случајот со Миодраг Давидовиќ – Дака кој е многу спорен. Само еден ден по формирањето на владата во 2020 година, се менува ДУП во Тетово. Целта на Заев и СДСМ била да се овозможи проект тежок 200 милиони евра со над 2.000 станбени единици.

Сето ова е доказ дека СДСМ и Филипче немаат концепт, визија и стратегија за државата. Единствена цел на Филипче е да си ја сочува фотелјата и затоа делува во зависност од дневнополитичките потреби.

Игнорирањето на проблемите не е решение, државата се води со јасни позициии и заштита на националните интереси, а не бегање од реалноста, затворање очи пред билатералните проблеми и сервилност на Филипче и СДСМ.