Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Тежок е животот на родител на деца со Даунов синдром и попреченост

Вакво е секојдневието на Сузана Стојановска,  невработена, самохрана мајка на дете со…

Сподели:

Вакво е секојдневието на Сузана Стојановска,  невработена, самохрана мајка на дете со Даунов синдром и згрижувач на дете со посебни потреби и попречен вид. Според неа  вниманието, љубовта, спортските и културните активности, се само мал дел од секојдневните потреби на овие деца на кои родителот треба да им ги овозможи. Вели дека тешко се снаоѓа, посебно околу финансиите.

Тешко е, многу тешко. Јас освен што сум самохрана и сум невработена. Како се снаоѓам, не знам ни сама, се снаоѓам некако. Минатата година поради некои ситни хонорари каде што бев вклучена во проекти, не го исполнувам условот за минимална помош од државата.  Треба многу институционални решенија да се направат – вели Сузана Стојановска, родител на дете со Даунов синдром и згрижувач на дете со попреченост.

Според Стојановска, посебниот додаток кој го зема родителот на дете со Даунов синдром е премалку за да може да се задоволат сите потреби. Вели дека е потребно системско решение, со цел да се олесни секојдневието на децата и нивните родители.

Реклама

Апсолутно не е доволно. Јас за Никола земав посебен додаток како самохран родител 7500 денари. Што со тие пари? Навистина е малку – вели Стојановска.

Отежната е и комуникацијата, посебно кога детето сака да се изнајсни. Знаковниот јазик го користат за да создадат олеснителни околности.

Никола има проблем со говорот, од тие причини што некогаш не можев да го разберам, детето се нервираше, не можеше да каже што сака, го запишав на курс по знаковен јазик – вели Стојановска.

Корона кризата влијаеше и на животот на овие деца, на кои многу им фали социјализација перодов. Стојановска вели дека повеќето денови ги поминувале дома, со цел да се заштитат. Се надеваат, дека институциите во иднина ќе имаат поголем слух за животот на сите деца кои имаат било каква попреченост, а здравствената состојба нема да ги спречува да водат нормален живот.

Адријана Алексиеска