Реклама

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Македонија

Спорно или не – во Кисела Вода се гради

Не би смеело да се залепат, значи во однос на ова јас…

Сподели:
Фото: Алфа Вести
  • Не би смеело да се залепат, значи во однос на ова јас имам прозор- светол отвора еве и они потврдија како ќе ми дозволат цефка за вентилација. Па го затвораат, еве видете сами, не е случајно.. -вели Зоран Поповиќ- жител на Кисела Вода.

Зоран Поповиќ стравува дека ќе остане без сонце заради новата зграда што почнува да се гради буквално залепена до неговиот дом. Живее на улицата  „Мишко Михајловски “ во Кисела Вода. Но не е само тој, реагираат и другите соседи.

  • -Еве дали дозвола за сообраќајно решение, како да ја користам гаражава, еве не сум безбеден да излезам со возило. Ако се спушти ниво под земјата ќе дојде да поткопа објектот, и од готова верисија тоа да се уништи – вели Зоран Поповиќ- жител на Кисела Вода.

Поповиќ тврди дека со поддршка од општината, градежната фирма „Мурал ДООЕЛ“ го гради објектот незаконски. Инвеститорот и изведувач на зградата вели се е легално. Дозвола за градба добил од општината, а веќе платил и комуналии.

  • Ние сметаме дека ова е легално и градиме и ќе градиме бидејќи се е законски според документите вели ВЛАДО ТАСЕВСКИ – инвеститор и изведувач на градбата.

Градоначалникот на Кисела Вода – Филип Темелковски се правда дека не можел да постапи спротивно на постоечкиот ДУП, па морал да ја даде дозволата. Но зошто не побарал суспензија?

Реклама
  • Неможе поради еден мал блок или три четири локации не е фер и коректно вие цел план вие да суспендирате цел план- вели Темелковски.

Масовните градења остануваат болка на главниот град. Прашањето е како во постојната тесна инфраструктура ќе се издржи преоптовареност од урбаниот хаос?