Реклама
Македонија

Настан „Читај ја Македонија!“ во Москва

Деца на 12-13 годишна возраст и нивни школски наставници беа главни гости…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Деца на 12-13 годишна возраст и нивни школски наставници беа главни гости на настанот „Читај ја Македонија!“ што вчера се одржа во  Културниот центар „Фазил Искандер“ во Москва во организација на Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва. 

Панкина кратко ги запозна со историjата на словенското писмо, истакнуваjќи jа улогата на сесловенските просветители св. рамноапостолни браќа Кирил и Методиj и панорамски ги претстави македонските автори од класиците (Блаже Конески, Славко Jаневски, Анте Поповски, Матеја Матевски) до современите, со посебен осврт на тие кои пишуваат за деца и млади. Во тоа претставување ѝ помагаа артистите на театарот „Город“.

Во фоајето на Центарот беше поставена изложба на книги на македонските автори преведени на руски од Олга Панкина. Изложбата ќе биде отворена до крајот на мај.

Реклама

На средбата беше изведена македонска народна музика, беа прикажани видеа за културата и природните убавини на Македонија.

Почнуваjќи од 2014 година Панкина  го реализира во Русиjа проектот „Читај ја Македонија!“ кој има просветителски карактер. Панкина во Москва организира разни литературни и културни настани низ цела година.