Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Надоместоци на плати има за тимот за Шекеринска, но не и за војниците

Се зголемува револтот од  Синдикатот за одбрана и безбедност кон министерката Шекеринска. …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се зголемува револтот од  Синдикатот за одбрана и безбедност кон министерката Шекеринска.  По три години аларми, велат дека состојбите се критични. Предупредуваат од двојни аршини. За нив велат нема ниту денар за додатоци и надоместоци на плата, но затоа тимот на министерката редовно си земале пари за надоместоци и прекувремена работа.

  • За сметка на неплаќањето на на надоместоците на вработените на АРМ и МО, на тимот на министерката редовно се исплаќаат прекувремените саати како и разно разни награди за „добро завршена работа“. Ова е само дел од се она што како бела чума надвиснало над вработенитево МО и АРМ и како такво резултира со секојдновно напуштање на редовите на Армијата. Само од почетокот на 2020 година МО и АРМ ги напуштиле неколку стотина припадници во најголем дел професионале и искусен кадар ан Армијата, припадници на специјалните единици што е најдобар показател за очајната состојба во АРМ и МО тврди Ристо Ајтов-Синдикат за одбрана и безбедност.

Осевн враќање на надоместоците, како што земала и министерката, синдикатот бара да им се исплати и награда за нивниот ангажман за време на пандемијата.

  • Поради неуморно и пожртвувано ангажирање на припадниците на МО и АРМ како Синдикат на Одбрана и безбедноста, бараме Владата да донесе Уредба со која сите припадниците на МОП и АРМ ќе бидат ссодветно наградени. Бараме награда за ангажирањето да се однесува на месеците март, април и мај 2020 а висината да биде 10.000 денари за секој месец вели Ристо Ајтов-Синдикат за одбрана и безбедност.

Во вакви услови од синдикатот предупредуваат дека се зголемува бројот на припадници кои разочарани ја напуштаат армиската служба. Само годинава заминале стотина од нив.

Реклама

Викторија Миткова