Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Кој е одговорен што мештаните од село Луковица во 21 век немаат пат?

Мештаните на Луковица уште во 2020 година самите си собраа и платија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мештаните на Луковица уште во 2020 година самите си собраа и платија скоро шест илјади евра за проектната документација со геодетски елаборат за да ја остварат желбата да имаат асфалтиран пат, но локалните и централните институции се уште не им помагаат процесот да се движи кон целосна реализација. 

Едно неприкосновено право-да се има асфалтиран пат до селото не се реализира поради префрлање на одговорноста помеѓу општината и министерството за транспорт и врски.

Градоначалникот на Општина Желино Блерим Сејдиу вели дека нема пари и чека Владата да му помогне со средства за да се направи патот.

Реклама


-Не можеме со нашиот буџет да го реализираме затоа се обративме до Владата и чекаме одговор од нив, значи не добивме одговор од нив. Треба да ни даваат тие одговор дека ги најдоа тие средства и тие средства се наменети за патот во Луковица. Ние досега немаме таков договор, чекаме од нив а од друга страна имаме притисок од граѓаните дека треба тој пат да се реализира рече Блерим Сејдиу – градоначалниок на општина Желино.

Од Министерството за транспорт и врски информираа дека Општината доставила шест проекти меѓу кои и за Луковица, во рамки на проектот „Поврзување со локални патишта” за што средства се добиени од Светска банка.


-Вредноста на сите доставени проекти ги надминува средствата од 742,449.00 евра што се обезбедени од Министерството за Желино во рамки на овој проект и затоа побарано е од општината да се произнесе кои се приоритетни проекти за да може да се финансираат во рамки на нејзиниот буџет. До овој момент, општина Желино се нема произнесено и поради таа причина се уште не се вклучени во јавните повици што ги објавува Министерството, во однос на овој проект, се вели во нивното соопштение.

Од канцеларијата на Светска банка во Скопје потврдија дека Желино има добиено средства за да го добие грантот од ниво на централна власт.


-Кога обемот на поднесените подпроекти е поголем од расположливиот буџет, Министерството ќе даде приоритет на оние со најголема корист за општината. Според нашите сознанија, овој процес на приоритизација  допрва треба да се случи за општина Желино. Единицата за спроведување на проектот при Министерството за транспорт и врски ќе ја посети општината во март, се вели во соопштението на Светска банка.

Борбата за пат на мештаните трае со децении.

-Досега имаме направено три пати проекти и три пати ние го плаќаме. Никој не ни плаќа.Сами го плаќаме проектот. И 2000 година и 1974 година, и сега 2020, се од наше тоа. Ние како Македонци, 16 села албански, едно наше, кој те гледа, никој не те гледа. Затоа што гледаат оние за нивното. Гласовите се таму. Овде нема гласови. Овде постојано живеат 45 жители, преку лето има и повеќе и плус преку викендите може да се случи преку 1000 луѓе да има, селово врие од население вели Миле Сибиновски.

Лукојчани бараат асфалт за 5,5 километри. 

Александар Самарџиев